јасли
Вид збор: Именка, множина
Ранг: 7626
1.
Направа во форма на долго корито прицврстено до ѕид, во кое се става добиточна храна.
Примери:
Тој стави сено во јаслите.
2.
Воспитна установа слична на детска градинка, наменета за деца до три години.
Примери:
Пред да оди на работа, таа го носи детето во јасли.
Изрази
На државни јасли - државна служба, сигурна работа.